1. Стандарден рачен алат, специјален наменски алат, пневматски алат за одржување и сервисирање
Реномираниот бренд БГС на пазарот во Македонија е застапен преку нашата компанија со преку 4000 различни стандардни и специјални производи наменети како за секојдневна така и за употреба во индустријата и во областа на сервисирање и одржување.
Од почетокот на 1970 брендот БГС е симбол на квалитет и постојана иновација и секоја година, во над 60 земји во светот бројот на задоволни купувачи е се поголем. Брендот БГС се залага за висок квалитет и долготрајни рачни алатки.
Нашата крајна цел е да им се понуди на корисниците брз сервис, широк спектар на производи и иновации на производи со цена која го оправдува квалитетот. Повеќе од 4.000 квалитетни алатки се достапни на добро познатиот PRO + и ниво на PRO квалитет. Сите производи се испорачуваат директно од нашиот модерен дистрибутивен центар, и доаѓаат во привлечно пакување и објаснување на германски и англиски јазик.
2. Термоизолациони материјали - шнуреви-плетенки, термоизолациони табли, клингерит, ќебиња и др.
Термоизолациони материјали од врвни ЕУ производители.
Термоизолациони табли за висока температура, високо квалитетни јажиња-шнуреви за котлари, печки на дрва и пелети и др. изработени од стаклени влакна, јажиња-шуреви од експандиран графит за пароводи, вентили, пумпи и др, јажиња-шуреви од специјални материјали за пумпи за отпадни води, пумпи во прехрамбена индустрија, специјални услови за работи, за посебни намени, огноотпорни кебиња, ленти и др.
Стандардни димензии на јаже-шнур : Ф5-Ф30, 5х5-30х30 мм
Стандардни димензии на клингеритни табли: 1500х1500 мм
Стандардни димензии на термоизолациони плочи: 1000х1000 мм
3. Заптивни материјали - спирометални заптивки, рамни заптивки, механички заптивки, хидраулични и пневматски заптивки
Сите видови на спиро-метални заптивки, рамни заптивки, компензатори, механички заптивки за пумпи за транспорт на флуиди, хидраулични и пневматски заптивки, О-прстени, ротирачки заптивни спојни елементи, хидраулични спојни елементи и цевки, филц, гумена плута и други специјални материјали. Сертифицирани според ИСО стандардите и докажани на европскиот пазар.
4. Инженерски лепила
Инженерски лепила од програмата на NPT и Technade - Италија
Полиуретански лепила за ветробрански стакла на автомобили, автобуси, структурални фасади, полиуретански дихт маси за пополнување и врзување за авто лимари, полиуретантски лепила и дихт маси за градежништво, технички лепила за обезбедување на завртки и навртки, течни лепила за обезбедување на заптивни споеви, специјални течни заптивни материјали за репарација на лежишта, цијаноакрилатни брзи лепила за лепење на тефлон, силикон, разни типови специјална пластика, силиконска гума и стандардни материјали како дрво, гума, стакло, метал и други специјални наменски лепила за индустрија и секојдневна употреба.
5. Абразивно - брусни материјали
6. Средста за чистење, подмачкување, одмастување, масти, масла за подмачкување, специјални антикорозивни наменски средства, емулзии за обработка на метали, специјални емулзии и др.
Средста за чистење, подмачкување, одмастување, масти, масла за подмачкување, специјални антикорозивни наменски средства, емулзии за обработка на метали, специјални емулзии и др.
(Чистачи на дискови-brake cleaner, универзални подмачкувачи-одвијачи, силикон во спреј, суви подмачкувачи со тефлон, чистачи на електронски склопови, високо температурни средства за подмачкување до 700 степени, термо спроводливи и диелектрични масти за електронска индустрија,
средства за подмачкување со NSF сертификати за употреба во прехрамбена индустрија, испитувачи на заварени споеви-чистачи, пенетранти и развивачи, средства за заштита на чаури при заварување-анти спатер спрееви и масти, инхибитори на корозија на полимерна база, синтетички емулзии за обработка на метали, емулзии за длабоко извлекување и други наменски средства за индустријата. )
Застапена програма на: siliconi, vmd - Италија и mol - Унгарија
7. Инженерска пластика
Инженерска пластика
(PA6, POM, PP, PTFE, специјална пластика за лежишта , агресивни средини и слично.) Од реномираната Германска фирма Centroplast
8. Гума и гумени производи
Гума и гумени производи
(Профили, јажиња, плочи од SBR, NBR, SILIKON, HT SILIKON, VITON, EPDM, полна и сунгереста структура, според технички цртеж или по стандардни димензии), застапувано од производителот Euro Foam
9. Флексибилни пластични производи
Флексибилни пластични производи
(ектрудирани меки PVC производи (PVC завеси, Силиконски завеси, заштитни завеси за заварување и др.). Голем избор на материјали од реномираната фирма Kenotec
12. Врзивни елементи
Врзивни елементи
(пластични стеги, метални стеги за висок и низок притисок од Inox или специјален челик, против пожарни елементи, анкери и др.), од реномираниот производител Er- Bi
Дел од брендовите кои ги застапуваме:
|
|
|